(ВИДЕО) Ласовска: Катица Јанева се крие и бега од одговорност

Од:

„Поминаа три дена, а од Катица Јанева ниту трага, ниту глас. Три дена не доаѓа на работа. Три дена се крие и бега од одговори и одговорност. Платата тешка илјадници евра и стигнува на сметка, а нејзе ја нема. Кружат информации дека заминала од Македонија. Ова сигурно не е право и правна држава. Наместо да одговара пред законите, таа продолжува да ги влече конците, да овластува обвинители и да потпишува акти на СЈО.

Станува се поочигледно дека Македонија ја владее криминална банда која создаде нов рекетарски – судско – политичко – медиумски октопод. Пипците на овој октопод допираат до секоја пора во државата, а главата на овој октопод е највисокиот државен врв“, рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев иако се прави наивен, постојат сериозни индиции дека токму тој во неколку наврати остварувал средби осомничените од рекетарската банда.

Дали е точно дека изминатиот викенд еден од сега осомничените за рекет, дел од криминалниот октопод на Заев, славел заедно со Заев во еден од локалите во Охрид до раните утрински часови?

Дали е точно дека еден од обвинетите имал чести средби со член на семејството Заеви во еден ресторан на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје каде се договарале идни „жртви на уцени“, биле давани насоки и упатства?

Дали е вистина дека еден од обвинетите бил близок човек со член од семејството Заев кој е познат дека има улога на таканаречен торбар и главен за воспоставување лични релации при договарање на тендери со министерствата и државни компании? Дали и колку требал да биде колачот од сето ова за Заеви, за што торбарот, сега осомничен, посредувал?

Премногу нелогичности кои досега се изнесоа во јавноста од страна на надлежните институции и ставови на Заев отвораат сомнеж дека надлежните нема да ја доведат истрагата до врвот на оваа рекетарска организација. Никој не може да ја убеди јавноста дека на своја рака и без сесрдна поддршка на високи владини функционери, Боки 13 сам го вршел и спроведувал рекетот.

Надлежните се уште не даваат одговор зошто во рамките на истрагата на Катица Јанева и бил одземен само телефонот и тоа само едниот телефон кој што го поседувала? Зошто Катица Јанева после сите информации се уште е на чело на СЈО од каде може да делува и на сведоци и секако на докази?

Дали Јанева не доби притвор само поради тоа што Зоран Заев лично ја штити?

Дали е точно дека Јанева во домот на првообвинетиот и во присуство на висок функционер од СДСМ ги договара обвиненијата на СЈО и како натаму да се постапува по нив?

Само пола од ова да е вистина тогаш имаме случај во кој истрагата освен на Катица Јанева и СЈО треба да се прошири на Зоран Заев, неговиот семеен клан и Владата. Октоподот освен пипците наречени Кики, Фрики, Баки и слично има глава.

Овие прашања и теми ја интересираат јавноста, а не дали Заев ќе менува раководител на подрачна единица на јавна установа во Демир Хисар. Тоа што Заев сака да говори за незначајни теми посочува дека сака да избега од вистината, овој пат вистинската вистина за Македонија“, изјави Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје