(ВИДЕО) Кузеска: За една година власта ја претвори Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава

Од:

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава. Поразителни се податоците на Евростат, работниците во Македонија денес се на дното на Европа, со најниски плати и најнизок животен стандард. Наместо „горди работници“, имаме понижени луѓе кои со тешка мака ја преживуваат секоја недела, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Над 70% од вработените живеат со плата под 500 евра. Средната класа исчезнува, а младите масовно заминуваат. Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план, нема политика, нема решенија. Економијата оди надолу.

СДСМ предложи зголемување на минималната плата – ВМРО-ДПМНЕ го блокираше предлогот. СДСМ предложи раст на платите во приватниот сектор – ВМРО-ДПМНЕ одби. За ВМРО-ДПМНЕ, работникот не постои. Додека функционерите на власт се гоштеваат со папаја и манго работниците се оставени сами.

Куповната моќ на граѓаните е срушена. Во последните 12 месеци цените растат, платите стојат. Животот станува борба – не за подобра иднина, туку за еден оброк повеќе. Инфлацијата расте до над 4%, реалната куповна моќ падна за над 20%. И покрај економската катастрофа, Владата создаде долг од речиси 8 милијарди евра за само една година. Без план, без контрола, без капитални инвестиции. Пари земени во четири очи од приватни банки, без гаранции, без отчет. Македонија нема направено ваков долг ни во 35 години постоење! Во меѓувреме, фирмите чекаат со месеци поврат на ДДВ, државата должи стотици милиони. Економијата е заглавена, стандардот е срушен, народот е понижен. Со оваа власт најлошото допрва доаѓа, кажа Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он