(ВИДЕО) Кузеска: Владата итно да го укине или намали данокот за струјата и парното

Од:

Покачените сметки за струја за дури 30% се уште еден огромен ценовен шок за граѓаните, после поскапувањето на храната и парното. Астрономски високите сметки за струја се директна последица на неспособноста на владата на Мицкоски и ДПМНЕ. Со укинувањето на субвенциите за струја, ВМРО ДПМНЕ жестоко удри по џебот на граѓаните. Во финансиски најтешкиот месец во годината, сметките за електрична енергија се драстично повисоки споредено со претходните месеци, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Соочени со сметки кои достигнуваат од по 8.000, 10.000, 15.000 денари, дел од граѓаните бараат начин како да ги платат, а други бараат коригирање на сметките. Ова е се само дел од низата погрешни одлуки на ДПМНЕ со кои за осум месеци го сразија стандардот на граѓаните. Ова е доказ за нивната незаинтересираност за животот на граѓаните.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ без грам емпатија, со своите погрешни политики, ги втурна граѓаните во егзистенцијална криза – историски најбрзо го доведоа народот до просјачки стап! Оставени на милост и немилост, луѓето се доведени во состојба да бираат дали да платат сметки за струја и парно или да купат храна. ДПМНЕ ги изневери и ги разочара граѓаните, едно ветуваа пред избори, друго прават како власт, граѓаните се оставени сами на себе. СДСМ има решение, ја повикуваме Владата итно да донесе одлука за укинување или намалување на ДДВ за струја и парно, како помош за граѓаните да го пребродат овој тежок период – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв