(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ се менува и поставува нови стандарди, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во криминално-режимска матрица

Од:

„СДСМ вчера го одржа 25. Конгрес, кој за првпат се одржа дигитално, на далечина со што се испочитуваа мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Со тоа, поставивме нови стандарди во поглед на организација, дигитализација и партиско делување во Република Северна Македонија.

И додека СДСМ согласно Статутот одржува Конгрес по изборите на кои победи, губитникот Христијан Мицкоски бега и од самата помисла да одржи Конгрес на партијата иако тоа од него го бара сериозен дел од членството“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Со статутарните измени, СДСМ покажа дека знае и да победува и да се менува, партијата дополнително се демократизира и се отвора кон членството и граѓаните. Во исто време, во ВМРО-ДПМНЕ се е исто, тоа е партија која нема капацитет ниту волја за реформи, за унапредување на внатрепартиска демократија.

Со политиките на СДСМ државата оди напред. Денес сме 30 земја членка на НАТО и наскоро започнуваме преговори за членство во ЕУ. Со ВМРО-ДПМНЕ има само враќање назад, назад кон изолација и неизвесност.

СДСМ е отчетна партија, посветена на правда, ред и дисциплина, затоа воведуваме Кодекс за однесување на членовите на СДСМ. Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ е длабоко заглавена во криминалната матрица, партијата предводена од Мицкоски знае само да го брани криминалот и криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, почитувани, се огромни вредносни разлики. Затоа СДСМ во последните години постојано ја добива довербата од граѓаните, затоа Мицкоски губи три пати по ред на избори, затоа неговата ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски