(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

Од:

Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција. Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк, вели Богданка Кузеска-портпаролка на СДСМ.

– Во изминатите 50 дена, Антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

1.Тендери од 9 милиони евра за фирма основана 2024 година, без историја и без релевантно искуство, само со двајца вработени. Не допира гласот до Обивнителството.

2.161 тендер кај семејна фирма на Томовски во вкупна вредност од 5,3 милиони евра. Не допира гласот до Обивнителството.

3.Сомнителен капитал преку Алта банка влегува во Македонија, иако Европската централна банка забранила влез во ЕУ поради сомнежи за потекло на капиталот и можно перење пари. А во Алта банка – цела структура на ВМРО.

4.Откивме скандал и со тендери од 1,2 милиони евра за фирма со тројца вработени. Повторно ист модел: милионски суми, минимален број вработени, истите фаворити.

5.Јавно објавивме документи и писмо на свиркачи за тендер од 1,2 милиони евра доделен на фирма блиска до ЗНАМ во Пошта.

Ниту за овие скандали не допира гласот до Овинителството.

6.Антикорупцискиот тим објави повеќе „бомби“ за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општини под контрола на ВМРО. 51 тендер од општините, 16 милиони евра јавни пари.

7.Сопственикот бил член на Избирачки одбор на ВМРО-ДПМНЕ а тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми.

8.Дополнително, објавивме и на кој начин целата пирамидална мрежа на фирми води директно до кабинетот на премиерот Мицкоски и Владимир Нелоски.

Нема допрен глас за овие скандали и покрај сите овие јавно изнесени факти, документи, бројки и докази. Затоа власта презема контрола врз сдуството и обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери. Нема бегање од одговорноста. Работата не е завршена, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски