Имплементацијата на договорот од Пржина е во интерес на народот на Македонија, ние сме подготвени да помогнеме и ја нудиме нашата помош без разлика колку е тешко и комплексно, рече европарламентарецот Ричард Кукан.
– Имаме солидна основа за решавање на оваа ситуација во вашата земја и тоа е договорот од Пржино. Јас мислам дека беше многу јасно објаснето дека е многу важно договорот од Пржино да се имплементира сега. Имплементацијата на договорот ќе го продолжи патот напред за вашата земја. Исто така мислам дека треба да биде патриотска одговорност на сите најважни политички чинители, рече Кукан.
Според него, Европскиот парламент се грижи за Македонија и сака да помогне државата да се движи по патот на Евроинтеграциите.
– Имаме многу интензивни разговори и преговори со претставниците на двете политички партии, со организациите од граѓанското општество, со Државната изборна комисија, имавме состаноци со Специјалната обвинителка и сите други важни чинители во политичката ситуација во Македонија, нагласи Кукан.
Александар Тодески