(ВИДЕО) Крвави образи и скршени очила во тепачката на бугарските пратеници: Се клоцаат и се нарекуват гниди

Од:

Обид за физичка пресметка, како плукање и туркање пред собраниската говорница ја одбележаа утринската седница во Народното собрание во Бугарија во кое се скараа пратениците на националистичката партија Преродба со ПП-ДБ (Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија) на Кирил Петков.

По говорот на Јавор Божанков од ПП-ДБ почна турканицата меѓу пратениците, а тензијата се зголеми кога почнаа дел од нив да се плукаат и туркаат.

Еден од пратениците заврши со крвав образ, а на друг му беа скршени очилата во инцидентот.

Средбата мораше привремено да биде прекината, а микрофоните беа исклучени во парламентот бидејќи претседателот Росен Желјазков прогласи пауза.Се разменија навредливи и непристојни реплики, се дистрибуираа видеа како плукаат пратеници од Преродба.

Тензија предизвика говорот на Искра Михајлова од Преродба:
– Денеска преговараат со оние што ги нарекуваат мафија. Дами и господа, немате морално право да бидете овде во салата. Вашите договори се срамна страница во бугарската историја и наскоро ќе ги видите личните последици од ова предавство.

Јавор Божанков од Продолжуват промените им врати со контрареплика:
– Зборуваа за вакцини, излегоа вакцинирани. Костадинов и Цончо зборуваа за меки зглобови, двајцата најмногу се сомневаат во нас во овој поглед, за еврото, а сега не сметаа за национални предавници. Според логиката што сега ја видовме, националните предавници се токму тие.

На овие забелешки пратениците излегоа на говорницата и почнаа да туркаат.

Манол Пејков од ПП-ДБ објасни дека морал да скокне да го одбрани Јавор Божанков бидејчи бил сам, а тие глутница, а бил наречен од пратениците на Преродба „валкана гнида“ и бил клоцан по нозете.

фото: bnt.bg

Би можело да ве интересира

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во авион, патниците мораа насилникот да го врзат со селотејп

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Нападната мајка и нејзините три ќерки: Жена се обиде да ги повреди со нож

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски