(ВИДЕО) Ковачки: Власта им поднесува пријави на луѓе кои мирно протесираат, ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне со правна помош

Од:

Македонскиот народ во изминатите осум дена јасно кажа НЕ на асимилаторскиот и понижувачки предлог со кој се блокира македонската интеграција во ЕУ. Секојдневната масовна поддршка од интелектуалци, експерти за ЕУ интеграции, уметници, лекари, адвокати, припадници на безбедносните сили, односно од целиот македонски народ, е јасен сигнал што треба да направи Владата на Ковачевски рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

-Владата под итно треба да го отфрли овој предлог за кој прво глумеше дека го одбила, за после тоа на невидено да го прифати и да глуми некакви консултации со самопрогласени владини експерти кои се платени токму од Владата, односно од народот. Народот на Македонија веќе и’ ги испорача потребните консултации на Владата, односно секојдневно кажува НЕ на бугаризацијата и бришењето и исчезнувањето на македонскиот народ рече Ковачки.

Масовната поддрша вели Ковачки е вистински одговор на сценаријата на МВР преку инфилтратори да го спречи народот да го брани достоинството, јазикот и корените.

-Како власта станува понервозна притисоците на МВР се зголемуваат. МВР спротивно на закон поднесува пријави на лица кои учествуваат мирно и достоинствено во протестите и на блокадите. Овие притисоци нема да им поминат, затоа што народот храбро стои зад ставот НЕ на ултиматумите и уцените. ВМРО-ДПМНЕ ќе им излезе во пресрет со правна помош на граѓаните кои по овој основ добиваат пријави по насока од Спасовски. Впрочем, од притисоците на Спасовски страдаат и припадници на МВР кои изминатите денови се прераспределуваат и казнуваат затоа што одбиваат да учествуваат во сценариото на власта за малтретирање на сопствениот народ вели Ковачки.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува припадниците на МВР да постапуваат по законот и да пркосат на заканите и уцените на раководството на МВР кои незаконски им ги упатуваат.

– Што се однесува до доставениот лист хартија во Собрание, го повикуваме Талат Џафери како и до сега што враќаше предлози на закони за погрешна запирка или фрлаше амандмани на опозицијата во канта, да го врати листот хартија во Влада како некомплетен и понижувачки порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција