(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата во Блед кажа дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија за да се вратат дома, а тоа му го порачале студенти кои ги сретнал во Блед додека работеле во кафулињата.

„Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома“, кажа Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“.

Ковачевски кажа дека постои фрустрација кај граѓаните поради постојаните блокади на државата.

„Има истражување кое вели дека 80 проценти од граѓаните на Македонија се за европска интеграција и проевропски ориентирани, а истовремено 80 проценти се против блокадите кои доаѓаат една по друга. Овие блокади доаѓаат од земји членки на ЕУ во бранови кои се користат за нивната домашна политика, а не за меѓународната сцена. Како членка на НАТО се покажавме како активен член и досега не видов проблеми во функционирањето“, додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната