(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

Од:

Тешко е за човек да се соземе од бес и гнев кога ќе го прочита сведоштвото на родителите на загинатите деца во трагедијата Кочани за нивната средба со премиерот и претставници на Владата. Наместо да им пристапот на родителите со емпатија и сочувство, Мицкоски и неговата владина свита настапиле со невидена ароганција кон оние што изгубиле сѐ, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

– Мицкоски го покажа најсуровиот и најнечовечки лик на оваа власт. Наместо да покаже емпатија и разбирање за болката на родителите кои ги изгубија своите деца во најтрагичниот настан во поновата историја на државата, тој ги понижил со навредливи зборови кои никогаш не смеат да се изговорат на човек што изгубил дете.

„Одредете си цена за вашите деца“ – оваа реченица е нанесена рана врз целото општество. Моралот и човечноста на премиерот очигледно се изгубени некаде меѓу политичките интересите и неговите пресметки за рејтинзи.

СДСМ најостро го осудува ваквиот нечовечки однос кон семејствата на жртвите. Болката на овие луѓе не се мери со пари. Болката на овие луѓе е одговорност на сите нас како општество, а најмногу на оној што седи на чело на државата.

Мицкоски имаше можност да покаже дека е човек пред сè, но избрал да биде арогантен и ладнокрвен политичар. Избрал да им го скрши достоинството на луѓето што веќе ги изгубиле најдрагоцените нешта во животот.

Мицкоски е должен не само извинување, туку и одговорност за ваквото однесување. Ова не е прашање на политички поени, ова е прашање на минимум човечко достоинство кое тој го погазив.

Бараме премиерот веднаш да се извини на семејствата и конечно да покаже дека барем нешто од човечноста му останало. Ако не знае Мицкоски што значи да бидете премиер на сите граѓани, тогаш барем да научи да биде човек, рече Костова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ