(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ, понудата на Мицкоски е поделби и квази сојузи со други држави

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ не знаат кај тераат, нивната понуда за обнова на режимот доведува до секојдневни скандалозни изјави од високи функционери на опозициската партија.

Еден од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порача да не се покачуваат платите, друг член пак повика на припојување со други држави.

Освен противење на покачувањето на минималната плата и платите во приватниот сектор, можевме да чуеме и антидржавни, антимакедонски ставови“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Христијан Мицкоски наместо да се оградува од политиките на Никола Груевски жестоко ги брани.

Неодговорните изјави на високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат вистинско режимско лице на оваа партија на штета на државата.

Обнова на режимот, одбрана на криминалот и обнова на поделбите и изолацијата се единствената понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а со таква понуда можат да се надеваат само на пораз на предвремнените избори на 12 април.

Додека понудата на Мицкоски е поделби и квази сојузи со други држави, СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ.

Додека понудата на Мицкоски е да не расте минималната плата, СДСМ ја покачува на историски највисоки 14,500 денари и работи на ново зголемивање.

Тоа граѓаните ќе го ценат на 12 април“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО