(ВИДЕО) Комбе полно со мигранти бегајќи од полицијата пропадна во канал во Велес

Од:

Комбе преполно со мигранти бегајќи од полицијата тргнало во спротивен правец на една од главните улици во Велес и пропаднало во ископан канал.

Настанот се случи доцна синоќа на раскопаната улица помеѓу велешкиот Суд и хотел „Интернационал“. Комбето бегало од полицијата и тргнало во спротивен правец на улицата 8 Септември, од кружниот тек кон Поштата, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во каналот.

Возачот и совозачот се фатени и приведени, а македонската полиција заедно со припадниците на ЕУЛЕКС го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.

Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко кои биле во комбето.

Увидот заврши доцна, и во текот на денот ќе бидат соопштени деталите за инцидентот.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив