(ВИДЕО) Коциќ: Чесните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат, блокадата за нов Клинички центар е на штета на граѓаните

Од:

Блокирањето на изградбата на Нов Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдна и на директна штета на граѓаните и македонското здравство. ВМРО ДПМНЕ блокира важен проек од витално значење за сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Жалиме што внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ се прекршуваат врз грбот на граѓаните и повикуваме, чесните, искрени пратеници во оваа партија да се вразумат и интересот на граѓаните да го стават на прво место вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.

„Да се биде против овој проект е да се биде против македонското јавно здравство, против јавното здравје и против интересите на граѓаните и државата. Токму тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ со блокадата со 2.000 амандмани на Предлог Законот. Уште еднаш апелираме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат лекцијата од серијата порази и дебакли и еднаш да застанат на страната на граѓаните, наместо на страната на блокадите и деструкциите. После сите порази на Христијан Мицкоски, овде во Собранието но и надвор, од граѓаните, време е искрените, чесни, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и наместо за фотелјата во белата палата да работат за граѓаните“ – рече Коциќ на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ