(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Од:

Поминаа три месеци откако приватните автобуски превозници се вратија на улиците во Скопје, но без стандардите на кои инсистираше градоначалничката Данела Арсовска.

Откако Македонија ја зафати портокаловиот бран, патниците се возат во автобуси без клима уреди, а разладувањето доаѓа од промајата од отворените влезни врати на автобусите, без разлика дали се работи за приватен превозник или возило на ЈСП Скопје.

Екипата на „А1он“ се возеше на линиите „23“ и „45“ во автобуси кои не беа климатизирани, а возачите возат небезбедно со отворена врата од која влегува топол воздух кој повеќе им пречи на патниците отколку што ги разладува.

„Клима нема во половина од автобусите. Се враќам од работа со линијата 23 во 16.30 кога надвор е 43 степени целзиусови. Автобусите во тој период се полни и имаш чувство како да се возиш во подвижна сауна. Не им функционираат клима уредите, па возачите мора да возат со отворени врати“, велат патници од линијата „23“.

Претпријатието кое е под директна надлежност, ЈСП Скопје, кон крајот на март објави дека е потпишан договор со приватните превозници за 16 линии, меѓу нив и најфрекфентните „9“, „45“, „55“, „22„ и „23“, и дека на улиците ќе возат „105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик“.

Кога превозниците штрајкуваа со месеци поради неисплатени долгови од страна на ЈСП, Арсовска рече дека ќе стави ред во јавниот превоз и граѓаните ќе добијат превоз каков што заслужуваат според сите стандарди и дека нема да дозволи по улиците да возат стари возила.

Но, претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски при подигнувањето на документацијата од Град Скопје, информираше дека условите ќе бидат исти како во претходните повици и оти ќе остане истиот возен парк, но дека имаат договор со градоначалничката Арсовска да работат на подобрување на возниот парк. Даде ветување дека сите постари автобуси ќе бидат заменети со нови во догледен период.

Арсовска освен ветувањето за подобри приватни автобуси, пред речиси една година најави дека граѓаните на Град Скопје ќе имаат бесплатен превоз од втората половина на 2023 година, односно дека таа ќе си го исполни ветувањето за целосно бесплатен јавен превоз како што и беше најавено во програмата.

Втората половина на 2023 година значеше бесплатен превоз од 1 јули, но засега такви најави нема од кабинетот на градоначалничката.

Би можело да ве интересира

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

А1он

Арсовска на ФБ: Запознајте го Бујар Аземи – сопственикот на небезбедната зграда во Чаир

А1он