(ВИДЕО) Кирацовски во Кочани: По промените, значајни инвестиции во инфраструктурни проекти

Од:

Во изминатиот период заедно ја разобличивме криминалната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и докажавме дека краделе и корумпирале избори, што се потврди со илјадниците фантоми во избирачкиот список, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Заедно го делегитимиравме работењето на оваа гарнитура политичари кои наместо на суштински приоритети, парите ги потрошија на споменици, фасади и панорамски тркала, додека граѓаните страдаат од сиромаштија и безработица до погубни поплави кои однесоа и човечки животи, само поради некадарноста и неодговорноста на власта.

За властодршците се е веќе кажано и видено. Токму затоа во наредниот период многу помалку ќе зборуваме за нивните злодела, а многу повеќе за нашата визија за подобро утре на граѓаните кое ќе го градиме заедно со нив.

За скоро доаѓа нова власт предводена од СДСМ која за приоритет ќе ги има реалните животни потреби на граѓаните.

Планирани се инвестиции од 10 милиони евра годишно само за системи за наводнување и одводнување и 3 милијарди евра во патната ифраструктура за 10 години.

Во поважните делници во нашиот план за развој на патиштата спаѓаат и делницата: Штип – Кочани; делница: Кочани – Виница – Делчево; како и Реконструкција на патот М. Каменица – Кочани;

Ќе изградиме мост на реката Брегалница на регионалниот пат Кочани – Зрновци;

Ќе извршиме реконструкција на левиот канал за водоснабдување на атарот на општина Зрновци;

Ќе ја гасифицираме Општина Кочани, а со природен гас ќе ја оспособиме и слободна индустриска зона;

Во првата година од мандатот ќе обезбедиме 22 милиони евра за мерки за вработување, што е за 3 пати повеќе во однос на просекот од претходните години.

Младите ќе добијат реална шанса да отворат сопствен бизнис и да останат во својата родна земја.

Ќе обезбедиме од 20 до 50 милиони евра годишно за поддршка на бизнис секторот, наместо досегашните 200 илјади евра.

На овој начин, преку многу други реални мерки и решенија, со домаќинско и макотрпно работење, од нашата држава ќе направиме поубаво место за живеење“, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Анита Петровска Рајковиќ

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра