(ВИДЕО) Кирацовски: Министерката Марта направи дело за кое се оди во затвор

Од:

„Соработниците на Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ се во огромна паника, бидејќи почнавме да ја вадиме вистината за нивното работење на штета на граѓаните.

Ја известувам јавноста дека министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска вчера се обиде да изврши притисок врз административните службеници“, рече на денешната прес конференција Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација.

„Откако ја објавив намерата на власта да казни и избрка од работа, стотици административци, министерката противзаконски побарала од вработените во Министерството веднаш да запрат со доставување документи што ќе ги побарам јас или мојот кабинет.

Имам писмен доказ за тоа!
Еве го нејзиниот допис што ден по мојата прес конференција го достави до вработените.

Укажувам на министерката Арсовска Томовска дека ќе поднесам кривична пријава против неа, доколку веднаш не го повлече дописот.

Министерката со овој допис, самата врши кривично дело, а на тоа ги наведува и вработените!

Во Законот за Влада децидно е наведено дека ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ИМА ПРАВО НА НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП ДО СИТЕ АКТИ, ДОКУМЕНТИ И ИНФОРМАЦИИ ШТО МУ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ.

Вработените во министерството, на барање на дополнителниот заменик министер имаат обврска, да му ги достават сите акти, документи и информации коишто му се на располагање на министерот.

Предупредувам дека министерката Арсовска Томовска со дописот до вработените во Министерството направила злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, за што кривично се одговара.

Ги охрабрувам сите вработени во Министерството и администрацијата да не потклекнуваат на вакви незаконски известувања“, изјави Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата