(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е столбот на досегашното и идно опстојување на Заев

Од:

Коалицијата „Никогаш северна само Македонија“ ги повика граѓаните да не гласаат ниту за СДСМ ниту за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи биле два столба кои се крепеле еден со друг.

„Во име на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, можеби саркастично, но сепак сакам да им се заблагодарам на оние кои ги објавуваат бомбите. Јавна тајна е дека тоа се луѓе од врвот на две партии со знаење на нивните лидери. И покрај фактот дека е забрането нивното јавно обjавување сепак постои и една позитивност, а тоа е што јавноста дозна и конечно сфати дека и едните и другите се исти. Самите си ги турнаа пантолоните. Се што работеле оние во минатото, тоа денес го работат сегашниве. Ништо не е променето, ниту пак може со нив да се промени. Се работи за иста матрица „Дојди на власт власт, грабни повеке и остани неказнет или избегај во друга држава” Тие и понатаму лажат и манипулираат и без грам достоинство и срам повторно излегуваат на митизи и повторно ветуваат. Замислете сега после тефтеречето на Гордана но и после 3,5 години од владеењето на оваа власт тие допрва ке побарале да се испита потеклото на имотот на судиите и обвинителите. Би било трагично да не е смешно“, рече носителот на листа на кандидати за пратеници на „Коалицијата никогаш северна, само Македонија“ во ИЕ 2, Јове Кекеновски.

„Нас не не чуди тоа што го правеле, туку не чуди како има луѓе кои сеуште им веруваат бидејки ние за сето ова укажуваме со години наназад. Исто така сме ужаснати од молкот на ЈО и МВР кои се слепи и глуви за овие сериозни индиции врз основа на кои можат и мораат да отворат предистражна постапки за сите оние кои се слушаат во аудио бомбите.

Во напливот на адзис и алчност народните пари за реклами да се потрошат до крај и едните и другите несвесно преку своите слогани си го открија лицето односно ги симнаа маските од лицето. Се согласуваме дека едните ,,можат и повеќе и подобро”. Можат и подобро и повеќе да рекетираат, уценуваат, лажат и крадат, а додека другите со слоганот обнова повеќе е од јасно дека единствена цел им е да го обноват 11-годишниот режим на бегалецот од Будиимпешта.

Станува се појасно и повидливо дека Мицковски е столбот на опстојување на Заев. Доколку го бутнеме едниот паѓа и другиот. Затоа овие избори се вистинска шанса во пакет да ги пратиме во историјата и пред лицето на правдата и двајцата. Време е да избереме вистински и чесни народни пратеници. Тоа што сме бориме против две зла е само потврда на нашите исправни и патриотски ставови и заложби“, изјави Кекеновски.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска