(ВИДЕО) Камиказа: Јас сум надеж, ако излезат над 65%, ќе славиме

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, поддржан од Левица, Перо Камиказа, тврди дека доколку на локалните избори има излезност од над 65 отсто, тоа значи дека кандидатите од партијата и тој треба да почнат со славење.

„Да ги замолите сите ваши комшии, сите ваши пријатели да излезат на овие избори. Што поголема излезност, тоа поголема казна за ДПМНЕ и СДС. И да ви кажам една работа, ако ја видите бројката дека надминува 60 – 65 %, можеме комотно да се собереме и да славиме победа за Скопје заедно со сите советници и градоначалници на Скопје. Значи ве молам уште еднаш, агитирајте, не е битно за кого ќе гласате, само да излезат над 65%“, рече Камиказа на митингот пред Дом на АРМ.

Според Камиказа, останатите политички партии ќе прават се за да им се згади на граѓаните да гласаат и да создадат слика дека се е безнадежно, но според него Левица е надеж.

„Јас сум надеж“, извика Камиказа.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови