Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

Од:

На денешната собраниска седница, на која беше избран новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше на како што беше оценето, партизацијата на клучното тело кое директно одлучува за цената на струјата, горивата и животниот стандард на граѓаните.

Ацо Ристов, велат од Левица, е поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека неговата сопруга Данка Ристова е членка на Судскиот совет.

Мециновиќ истакна дека со крунисувањето на Мицкоски на позиција на премиер на Република Македонија започна најзагрижувачкиот период за енергетската состојба во Република Македонија.

„Премиерот и сите кои ќе ги назначи, вклучувајќи го и овој претседател на РКЕ, директно ќе работат за интересот на индустриските поединци и директно против интересот на граѓаните. Со новото назначување на претседателот на РКЕ, не само што нема да се смени ништо, напротив, ќе се продлабочи исцицувањето на средствата од џебовите на граѓаните!

Ацо Ристов, кој е поранешен градоначалник од редовите на ДПМНЕ на општина Радовиш, е близок бизнис соработник на премиерот Мицкоски и тој не може да биде независен експерт кој ќе го води РКЕ.

По тоа што ние го имаме добиено како информации, веќе има загрижување кај Енергетската заедница со седиште во Виена за назначувањето на Ристов за претседател на Регулаторната комисија. Веднаш ќе ви најавам дека јас како приватно лице, како граѓанин на Република Македонија, ќе го оспорам ова назначување со формална претставка до Енергетската комисија во Виена. Затоа што Ацо Ристов ги нарушува критериумите на Енергетската заедница во Виена. Тој не е независен кадар, тој е директно политички кадар на ДПМНЕ.

Секој пат кога ќе го видите Ристов на телевизија како ја зголемува цената на струјата, погледнете го во него лицето на Мицкоски, затоа што тој е одговорен за тоа“, кажа пратеникот од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби