„По повод 27 миот роденден на СДММ, ние младите од СДММ спроведовме голем број активности којшто беа од хуманитарен карактер, но беа наменети и за општото добро на граѓаните на Република Македонија.
Денеска, во повеќе од 20 градови на различни локации засадуваме дрвца. Конкретно, на 3 локации овде на планината Водно, во Скопје во општина Гази Баба, општина Бутел, во општина Ѓорче Петров и секако низ сите останати градови ширум цела Република Македонија садиме дрва што треба да помогнат за прочистување на воздухот и за подобар и поквалитетен живот на граѓаните на Република Македонија
Секако, и во месец декември продолжуваме со низа активности што треба да го подобрат животот на граѓаните. Пред се, тоа се низа активности што ќе бидат од хуманитарен карактер“, изјави Дарко Каевски, претседател на СДММ.