ВИДЕО: Каде се донациите од милион денари на шарената револуција?

Од:

Околу 17 илјади евра или над 1 милион денари е буџетот со кој располагаат челниците на шарената револуција, донација собрана пред две години. Еден од неформалните лидери, Павле Богоевски, вели дека потрошени се само 5-10% или 1700 евра, кои ги дале како донација за поплавените подрачја во Скопје. Богоевски вели дека парите се на сигурно, а, пак, намената е за исплата за правна помош за активистите обвинети за повреди на законот, против коишто тече судска постапка, со можни финансиски и други видови казни.

„Доколку тие пари не треба да бидат искористени за ова, истите заедно со финалната пресметка за нивната распределба ќе бидат наменети за општествено корисна цел. Одлуката за каква општествена корисна цел ќе мора да ја донесеме сите ние кои учествувавме во активностите за нивното собирање. Тоа ќе биде откако ќе завршат судските постапки. Ќе разгледаме и размислиме, а потоа јавно ќе ја соопштиме одлуката. Тој дел е далеку, прво што треба е да видиме како ќе резултираат процесите пред судовите“, вели Богоевски.

Според него, постапките не требало да траат толку долго туку да завршат и обвинетите да бидат прогласени за невини. Следното судење на сегашниот пратеник Павле Богоевски е на 6 ноември.

„Судиите во голема мера се ослободени од притисоците, а тоа го покажуваат и неодамешните постапувања на Апелациониот суд. Но, сè уште повеќе од видливо е влијанието од поранешната власт и на злосторничкото здружение на поранешниот премиер. Што се однесува до Обвинителството, додека не именуваме нов јавен обвинител, таму притисоците не можат да се намалат, односно таа институција не може да функционира со својот целосен капацитет“, вели Богоевски коментирајќи ја ситуацијата со правосудството во Македонија.

Инаку, на хуманитарен настан организиран од активистите на шарената револуција пред две години беа собрани 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари, односно вкупно над 955.000 денари. Потоа и дополнителни средства легнаа на нивна сметка.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска