(ВИДЕО) Јункер: Усогласување на историјата за безусловен влез во ЕУ

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер по средбата со премиерот Зоран Заев, рече дека Македонија во изминатиот период Република Македонија спровела реформи кои го зачудиле светот, а пак договорот со Бугарија ја зголемила репутацијата на државата во Европската унија.

Јункер кажа дека има уште многу работа, но патот кој моментално Македонија го оди е вистинскиот.

„Станува збор на помирување на историјата и географијата, за решавање на долгогодишните проблеми. Ние тоа го направивме со други земји, тоа ќе го направиме со вас“, рече Јункер.

Претседателот на Европската комисија не сакаше да коментира за спорот со името кој Македонија го има со Грција и порача двете земји сами да најдат решение.

„Јас разговарав со Ципрас и реков да остане на истиот пат. Кога стигнав на аеродромот, забележав промени, што значи дека сте на добар пат. Ако продолжите по патот на реформите, ќе овозможите ЕК за неколку месеци, на советот да му даде препорака. Вашата земја има многу сопствени заслуги“, додаде Јункер.

Позитивен напредок се гледа и во извештајот на Комисијата за Западен Балкан, каде според Јункер, Македонија постигнала напредок и тоа го прави во континуитет.

Јункер рече дека ако Владата продолжи вака, европската перспектива нема да биде условена. Тој во својот говор, не го употреби уставното име на Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јункер: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа