(ВИДЕО) Јовески: Нема пречка за „бомбите“ да бидат доказ во истрагите на СЈО

Од:

Нема пречка за „бомбите“ да се користат како доказ во постапките пред судовите по преземањето на предметите на СЈО, кажа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

„Тие докази ќе ги користиме. Одбраната може да има и друго мислење, а судовите ќе ги донесуваат одлуките“, посочи шефот на републичкото обвинителство.

Од утринава е почнат процесот на преземање на предмети од надлежност на СЈО во надлежност на ЈОРМ.

„Очекувам до крајот на денот, процесот на преземање на предметите да заврши“, рече обвинителот.

Од следната недела ќе се договараат техничките детали. Предметите по преземањето ќе бидат распоредени по обвинителства и по обвинители, а дотогаш предметите кои се во фаза на судење остануваат кај обвинителите од СЈО.

„Приоритет ќе имаат предметите кои се во фаза на судење“, рече Јовески.

Функциите на обвинителите во СЈО мируваат додека работеле таму, па Советот на јавни обвинители ќе ги врати во обвинителствата од каде што дошле, рече Јовески.

Минатата недела шефицата на СЈО, Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, побара Јавното обвинителство со кое раководи Љубомир Јовески да ги преземе сите предмети, истраги и предистражни постапки.

Би можело да ве интересира

Ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главен проблем, покажува Третиот извештај за СЈО

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на уредбите за додатоци и надоместоци во јавниот сектор, за платите на избраните и именуваните лица и за СЈО

А1он

Прекршочни пријави за обвинителите на СЈО – не ги пријавувале надоместоците

Мери Јордановска

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство

А1он

Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Кристијан Ландов

Со законот за јавно обвинителство решена судбината на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од СЈО

Кристијан Ландов