(ВИДЕО) Јотова: Францускиот предлог е голем дипломатски успех за Бугарија

Од:

Потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова им се заблагодари на партнерите од Франција за придонесот во преговарачката рамка да се вклучи внесувањето на Бугарите во Уставот на земјата пред вистинскиот почеток на преговорите.

– Ова е голем успех за Бугарија.Средбите кои беа на највисоко ниво, бескрајните телефонски разговори со европските лидери ќе беа избегнати ако институциите си ја вршеа работата уште во 2019 година кога тогаш се донесе резолуцијата во Народното собрание – рече Јотова во утринската емисија на Бугарската национална телевизија БНТ.

Јотова ја оцени ситуацијата со РС Македонија како комплицирана и рече дека тој што мисли дека прашањето за Македонија е завршено е наивен.

– Летоска не работат европските институции, но од есен ќе почне процесот. Отсега ќе има неколку инспекции од Европската комисија, неколку извештаи од евалуацијата на Советот, каде Бугарија ќе мора секој пат да потсетува на својот став. Но по сетоа ова што се случи во Софија и Скопје, мислам дека Европската комисија ќе биде доволно внимателна“, вели Јотова.

Бугарската потпретседателка смета дека никој нема корист од враќањето на работата на почетна позиција, а најмалку Македонија затоа што треба да бидеме дел од европското семејство.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

A1on

(ВИДЕО) Пендиков: На Бугарите во Македонија им треба поголема заштита отколку на мене, јас сум тука во Софија

A1on

(ВИДЕО) Пендиков доби бугарски пасош – „Пасошот ме прави Бугарин колку возачката возач“, се дел од коментарите во Бугарија

A1on

Јотова ќе му го предаде бугарскиот пасош на Пендиков со највисоки државни почести

A1on

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов