Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Од:

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска му го врачи мандатот за составување влада на кандидатот за премиер Румен Радев.

Радев е номиниран од најголемата парламентарна партија Прогресивна Бугарија во 52. Народно собрание.

Според бугарскиот Устав, претседателот, по консултации со парламентарните групи, му го доверува мандатот за составување влада на кандидат за премиер предложен од најголемата парламентарна група.

Јотова на 5 мај одржа консултации со претставниците на парламентарните партии, на кои беа истакнати неколку клучни приоритети – буџетот, судските реформи и исплатите од Планот за закрепнување и отпорност.

Би можело да ве интересира

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски

Радев на средба со Руте во Брисел: Бугарија помага во заштитата на источното крило на НАТО

А1он

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Партијата на Румен Радев убедлив победник на изборите во Бугарија

А1он