Вкупно 352 Бугари во Македонија гласаa на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Од:

Вкупно 352 бугарски државјани гласаa на седумте избирачки места отворени на територијата на Македонија на вчерашните избори за претседател и потпретседател на Бугарија, а најголем број гласови освои кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев, соопшти бугарската Цнетрална изборна комисија.

Избирачки места беа отворени во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Кочани и Прилеп.

Претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев освои 40,7 отсто од гласовите, Андреј Ѓуров и Георги Кандев се на второто место со 25,6 отсто од гласовите, додека Костадин Костадинов и Петар Волгин освоија 14,5 отсто.

Идниот претседател и потпретседател на Бугарија ќе знаат по вториот круг на 1 ноември, а бугарските граѓани ќе избираат меѓу претседателските двојки Јотова – Влчев и Ѓуров – Кандев.

Според обработените 95,29 отсто од записниците на национално ниво, двојката Јотова-Влчев има освоено 34,60 отсто од гласовите, додека двојката Ѓуров-Кандев има освоено 32,04 отсто.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Бугарија избира претседател: Јотова со предност во анкетите

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

А1он

Радев го доби мандатот за формирање влада во Бугарија

Избори во Бугарија: Прогресивна Бугарија во убедливо водство

Горан Наумовски

Партијата на Румен Радев убедлив победник на изборите во Бугарија

А1он