Јас сум еден од вас кој речиси два месеца протестира поради неправдата со која се соочуваме сите ние овие 10 години. Горд сум што ја имам оваа чест да ви се обратам токму на денот кога пред 5 години згасна еден млад живот за што е виновна токму оваа власт. Власт монструозна која се обиде да го прикрие убиството која што таа го изврши. Да не дозволиме веќе нов Мартин, нова Тамара, да не им дозволиме повеќе апсења и информативни разговори. Затоа драги Шарени револуционери, дојде денот за да кажеме доста е, рече пред демонстрантите Денис Јанкуловски.
Од денеска ја менуваме и формата на протестите. Од денес ќе не гледаат секој ден со различни форми на протест, се посилни и погласни. Протестите ќе се радикализираат со цел исполнување на нашите барања. Во среда, осми јуни точно на пладне ќе го блокираме сообраќајот во Скопје. Со оваа блокада ќе покажеме всушност како изгледа со години нашиот систем. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран систем на правда, блокирани и партизирани институции, рече Јанкуловски.