ВИДЕО: Обвинителите едногласно го прифатија тимот на Катица Јанева

Од:

Советот за јавни обвинители денеска донесе одлука уште петмина соработници да се вклучат во тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за истражување на наводите кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Претседателот на Советот, Петар Аневски, по одржаната седница изјави дека тимот на Јанева е зголемен на нејзино барање, а откако е утврдено дека се зголемува обемот на работа во ова обвинителство.

Петмината новоизбрани кандидати се истите оние што Јанева до сега ги предлагаше, но Советот одбиваше да ги избере. Освен обвинителката Лиле Стефанова, меѓу нив се Гаврил Бубевски од ОЈО Скопје, Ленче Ристевска – ОЈО Скопје, Трајче Пеливанов- ОЈО Скопје и Артан Ајро – ОЈО Скопје.

– Денеска околу 12 часот специјалната јавна обвинителка Катица Јанева достави предлог и повторно барање за избор на јавни обвинители. Наместо седум овој пат побара пет и со одредени дополнувања и појаснувања, што за Советот беа прифатливи, одлучивме да ја прошириме систематизацијата. Не се предмосиливме, имавме повеќе средби со Јанева. Како што знаеме во план е да се сослушуваат и испитуваат повеќе лица од она што го имав како првично сознание. Во специјалното обвинителство заведуваат нови предмети и преоптеретени се со работа – изјави тој.

Што се однесува до оние лица кои учествувале во работа на одредени предмети во ОЈО Скопје, доколку се појави конфликт на интереси ќе бидат заменети со други јавени обвинители, рече Аневски. Тој појасни дека новоизбраните обвинители не можат да работат на предмети во специјалното јавно обвинителство, на кои веќе работеле во Основното.

Новоизбраните обвинители, како и оние седум што веќе беа изгласани, ќе положат свечена заклетва пред Советот утре наутро, доколку се појават, како што рече Аневски.

Што се однесува до јавната обвинителка, Лиле Стефанова, која се појави во предметот „Пуч“, Аневски изјави дека нема конфликт на интереси затоа што на рочиштето по предметот само присуствувала во судницата како придружба на јавниот обвинител, Златко Биковски, односно „само му правела друштво“.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Обвинителство тврди дека на Јанева не и биле ускратени права, иако таа се соблече во знак на протест

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јанева: Таа била уплашена и противзаконски спроведена, не и било дозволено да повика ниту адвокат

Кристијан Ландов

Одбиено барањето за апанажа на Јанева во Собранието

Татјана Ташкова

Кој и ја даде полициската кабаница на Јанева за да се сокрие од медиумите?

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Адвокатите на Јанева: Не ни дозволија да ја видиме изјавата на Кичеец

Виктор Јованов