Обвинителство тврди дека на Јанева не и биле ускратени права, иако таа се соблече во знак на протест

Од:

Присуството на обвинителката Ивана Трајчева на презентацијата на финансискиот извештај за работењето на СЈО, поради кое Катица Јанева се соблече по долна облека, било поради тоа што се води предистражна постапка за платите и надоместоците кои ги земале вработените во згаснатото обвинителство. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и коруцпија за „А1он“ велат дека не е точна информацијата која ја кажа Кадиев дека на Јанева не и било дозволено да повика адвокат. Според нив, бранителот бил повикан и дошол, но, поранешната специјална обвинителка одбила негово присуство.

„На презентацијата на лицето за кое покажувате интерес не му биле ускратени неговите права, дотолку повеќе што се работи за презентација на извештај каде лицето за кое покажувате интерес било повикано како одговорно лице на субјектот на ревизија во периодот за кој е вршена ревизијата, а не во својство на осомничено лице во постапка каде е неопходно присуство на бранител. По нејзиното барање да присуствува бранител, од страна на обвинителот е повикан еден од нејзините бранители во предметот ‘Рекет’, но по неговото доаѓање лицето за кое покажувате интерес го одбило присуството на бранителот. Воедно, сакаме да напоменеме дека презентацијата на ревизорски извештај не е постапка во која е потребна интервенција на народен правобранител“, велат од Обвинителството за гонење организиран кримиал и корупција за „А1он“.

Оттаму велат дека и натаму е во тек предистражната постапка која ја водат по сомнение дека на вработени во СЈО противзаконски им се исплаќани поголеми суми на плати и надоместоци.

„Во ноември минатата година по допрен глас отворивме предистражна постапка за исплата на платите и надоместоците на СЈО, што беше и повод надлежниот обвинител да биде поканет на презентацијата на нацртот на ревизорскиот извештај. Согласно Законот за државна ревизија, по извршената ревизија нацртот на ревизорскиот извештај се доставува до законскиот застапник на субјектот  што подложил на ревизија и до лицето кое било одговорно на субјектот на ревизија во периодот за кој е вршена ревизијата“, додаваат од ОЈО-ГОК за „А1он“.

Инаку, вчера поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, им се соблече по долна облека на ревизорите кои ги презентирале наодите за финансиското работење на веќе згаснатото СЈО. Адвокатот Дељо Кадиев вчера рече дека на Јанева не и било дозволено ниту да повика адвокати во Државниот завод за ревизија, а одбиена била и кога побарала да се повика народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов