Катица Јанева им се соблекла на ревизорите по долна облека додека и презентирале извештај за работењето на СЈО

Од:

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, им се соблекла по долна облека на ревизорите кои  ги презентирале наодите за финансиското работење на веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство. Информацијата за „А1он“ ја потврдуваат и од МВР, од каде велат дека е направен и записник за констатиран прекршок.

„Во 10.30часот, К J. (1965)  по наредба од Кривичен Суд – Скопје била спроведена во Државен завод за ревизија, во палата „Емануел Чучков“, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место. Сочинет Записник за констатиран прекршок“, велат од МВР за „А1он“.

Поради однесувањето на Јанева била повикана и екипа на Брзата помош, а потоа е префрлена во станот во центарот на Скопје, каде издржува мерка куќен притвор за предметот „Рекет“.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов