Адвокатот на Јанева: Таа била уплашена и противзаконски спроведена, не и било дозволено да повика ниту адвокат

Од:

Катица Јанева била приморана да отиде на работен состанок во Државниот завод за ревизија каде присуствувал и јавен обвинител, а не се знае по кој основ, вели нејзиниот бранител, Дељо Кадиев за „А1он“. Тој вели дека Јанева не добила покана, а судот издал наредба за спровод, со тоа, со сила била однесена во Заводот за ревизија, иако според законот, таа можела, но не морала да присуствува на презентацијата на ревизорскиот извештај за СЈО. Кадиев вели дека на Јанева не и било дозволено ниту да повика адвокати во Државниот завод за ревизија, а одбиена била и кога побарала да се повика народниот правобранител.

„Катица Јанева била спроведена на работен состанок, така и е кажано, во ДЗР за презентирање на извештајот на државниот ревизор. Штом е таа спроведена за такво нешто, тоа е противзаконско. Тоа е управна постапка, презентирање на извештај на Државен ревизор. Присуството таму е по нејзина волја, ако сака да присуствува тоа може да го направи, ако не, не е нејзина обврска. Наместо тоа, судијата издава наредба за спровод. Спроведена е од полицијата, а таму присуствувал јавен обвинител. Ако се презентира извештај, нема простор за јавен обвинител. На Катица Јанева не и било овозможено да повика адвокати и народен правобранител за заштита на нејзините права бидејќи сакала тоа да го стори. Во чин на револт го направила тоа и била повикана Брза помош. Нејзе и било кажано дека мора да биде спроведена таму. Била уплашена и вознемирена. Најголем изнервирала кога видела јавен обвинител таму“, вели Кадиев за „А1он“.

Според него, треба да се провери дали е прекршен законот со постапката на јавниот обвинител да присуствува на презентација на ревизорски извештај од Специјалното јавно обвинителство.

„Не и била врачена покана, не се знаела причината зошто била однесена. Наводно е спроведена да се презентира извештајот од завод за ревизија. Не знам која е улогата на јавниот обвинител кој бил таму присутен. Ако е повикана за презентација на ревизорски извештај, тоа не е јавнообвинителска работа, тоа е на Заводот за ревизија и тие можат да побараат да и биде презентиран преку судија на претходна постапка. Тука јавниот обвинител нема никаква улога. Која е функцијата да присуства и обвинителот на презентирање на извештајот на Заводот за ревизија, што навистина е нешто многу чудно, треба да се види, а јас мислам дека не е согласно законот“, додава Кадиев за „А1он“.

Би можело да ве интересира

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Ана Ололовска

Ристоска на последниот работен ден на СЈО: Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови

Ана Ололовска

Обвинителство тврди дека на Јанева не и биле ускратени права, иако таа се соблече во знак на протест

Кристијан Ландов

Катица Јанева им се соблекла на ревизорите по долна облека додека и презентирале извештај за работењето на СЈО

Кристијан Ландов