ВИДЕО: Јанева не доаѓа на работа, а останува шефица на СЈО – обвинителите не знаат каде е

Од:

Шефицата во оставка, Катица Јанева, ниту денес не се појави на своето работно место во специјалното јавно обвинителство. Во зградата на обвинителството утрово беше раздвижено, вработените доаѓаа на работа, а меѓу нив беа и неколку обвинители. Прва дојде обвинителката Ленче Ристоска, а по неа и Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе и Артан Ајро. Секретарката на Јанева дојде на работа, а потоа неколку пати влегуваше и излегуваше од Обвинителството. Обвинителот Бубевски на прашањето дали контактирал со својата шефица Јанева одмавна со главата.

„Вчера дадовме изјави, истото си останува и денес“, рече Бубевски.

Јанева не се појавила во СЈО од минатата недела. Засега не е познато дали шефицата на СЈО отворила боледување или користи право на одмор. На ова прашање нема одговор ниту од ПР-службата на обвинителството.

Јанева во понеделникот даде оставка непосредно пред да биде уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Истиот ден, неколку часа подоцна, обвинителката Русковска изјави дека Боки 13 го користел своето влијание врз јавен обвинител за да олесни положба на едно осомничено лице во постапка што се водела против него. Вечерта Обвинителството за организиран криминал ѝ го одзеде телефонот на Катица Јанева. Истрагата за која се водела трговијата со влијание во новата истрага што денеска ја обелодни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е „Империја“, што СЈО ја отвори на 9 ноември 2018 година.

Јанева, која ќе замине од функцијата со донесување на новиот закон за Обвинителството, вчера беше недостапна да даде објаснување дали таа е директно инволвирана во случајот за рекет, веројатно бидејќи нејзиниот телефон беше одземен. Денес, пак, таа е достапна, но не одговара на повиците.

По истрагата за рекет, која засега се води против Боки 13 и Зоки Кичеец, а каде што се споменува вршење влијание врз Катица Јанева, обвинителите на СЈО се оградија од својата шефица во заминување. Вчера, Ленче Ристоска рече дека постапките на поединци не смеат да го загрозат интегритетот на обвинителството додавајќи дека нема стапено во контакт со Јанева.

Заменици на Катица Јанева, кога таа е отсутна, се обвинителките Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење