(ВИДЕО) Јанева кај Аневски: Немам обврска да образлагам зошто ги преземам „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“

Од:

Специјалната обвинителка во кратката посета на Советот на обвинители од каде беше повикана неколку пати ги известила дека ја презема надлежноста за Маѓар Телеком и за Верушевски.

-Јас го известив Советот дека постапувам по законот за Специјалното јавно обвинителство за преземање во надлежност на предметите Маѓар Телеком и за Зоран Верушевски и Горан Верушевски. Јас ги известив дека немам обврска да присуствувам на нивните седници ниту да обрзлагам зошто ги преземам овие предмети. Во однос на автономијата на моето постапување се е јасно со Законот за јавно обвинителство, изјави Јанева по кратката посета на Советот на јавни обвинители.

Јанева не остана на седницата на која се бараше таа да одговара и на прашања кои не им биле јасни на обвинителите. За тоа од СЈО упатија неколку пати дека можат писмено да се обратат и ќе добијат одговор.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов