(ВИДЕО) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од депониите се поголема закана од фабриката за преработка

Од:

По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад на земјиштето во дворот на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, „Макфакс“ дознава дека инвеститорот им ветил на газдите на околните фирми дека ќе ја одложи или ќе ја дислоцира изградбата. Сопственикот на „Екоклуб“ ДООЕЛ Битола, Сашо Јанакиевски, кој заедно со партнер од Германија требал да почне со изградба на погонот за преработка на медицински отпад вели дека се откажува под притисок на соседните фирми, но, сепак, за иднината на изградбата треба да реши компанијата од Германија. Тој тврди дека нема никаква опасност за околината од оваа инвестиција и дека депониите на кои се хранат животни се многу поголема закана за здравјето на луѓето.

„Не ми е јасно зошто се крена толкав прав во врска со изградбата на погонот за преработка на медицински отпад. Тоа е сосема безопасно за околината. Ова го тврдам најодговорно како компанија што опстојува од 1990 година. Ние постојано правиме проверки во акредитирани лабиратории под надзор на инспекторите од Министерството за животна средина. Станува збор за стерилизација и на сечкање на отпадот и тоа не е никаков загадувач“, вели Јанакијевски.

Според него, шпекулациите дека тука може да се преработува увезен ризичен отпад се сосема неточни бидејќи според сите закони и конвенции Македонија не смее да увезува отпад. Големите стравувања на граѓаните поради актуелниот проблем со загадениот воздух во овој случај според Јанакиевски не се оправдани.

„Има два вида на преработка на медицискиот отпад, со согорување и со стерилизација. Постапката со согорување одамна не се практикува, додека оваа со стерилизација е утврдено дека е сосема безопасна за околината. Тоа го потврдуваат компетентни лица од универзитетите. Во оваа постапка се користи струја и вода, и нема никакви последици врз здравјето на луѓето. Кај нас медицинскиот отпад е можеби единствен за кој може да се каже дека системски се менаџира, односно сите амбуланти и ординации се влезени во систем кој е под контрола на тоа каде и како се изнесува отпадот“, вели Јанакиевски.

Што се однесува до инсустрискиот и останатиот отпад во Македонија, тој вели дека тој и натаму не се менаџира организирано и дека треба да се работи на оваа проблематика.

Минатата недела уплашени од опасноста и штетните последици од ваква фабрика во нивна близина, сопствениците на околните фирми потпишуваа петиција за да се стопира оваа изградба.

Општина Гази Баба дозволата ја издала во 2014 година и е потпишана од тогашниот градоначалник Тони Трајковски. За изградбата се чекало досега за да се затвори финансиката конструкција.

Инвеститор е фирмата „Екоклуб“ ДООЕЛ Битола, чија основна дејност е манџирање со отпад од 1990 година. „Екоклуб“ има договор за соработка со „Дрисла“ за вршење услоги на преработка на опасен медицински отпад.

Инспекцискиот надзор од Министерството за животна средина е извршен врз основа на Законот за животна средина член 36, составен во ТДС. КУ „Екоклуб“ – Битола подружница Скопје бул„Јане Сандански“ бр. 71А/А45 Скопје, Аеродром во март годинава во 12 часот. Предметот на надзор се однесувал на Емисија на штетни гасови при термички третман на медицински отпад со автоклавирање (стерилизација) во кругот на МЗТ КО Маџари – Гази Баба Скопје.

„ТДС ‘Екоклуб’ ДООЕЛ Битола – подружница Скопје Автоклав за дезинфекција на медицински отпад, во кругот на МЗТ- Скопје, постапиле по решението државен инспекторат за животна средина бр. 11-46 од 6.02.2018 година на 9.02.2018 година, извршиле мерење на концентрации на загадувачки супстанци од емитер (вентилациски испуст) на 23.02.2018 од процесот на дезинфекција и пресување на медицински отпад со помош на етерична енергија и вода на температура од 160 степени Целзиусови и притисок на пареа од 5 бариили 0,5 мегапаскали (?). Мерењето е извршено од компетентна лабораторија при што е изготвен лабораториски извештај од тестирање“, пишува во записникот.

Според известувањата од лабораториите од затекнатата состојба се гледа дека не е констатирана штетност, односно сите емитувања на штетни материи се многу пониски од алармантните референци за опасност.

Сепак, овие не беа доволни да ги смират оние што се во непосредна близина на локацијата одредена за оваа градба.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Чадот и смрдеата од запалената депонија кај Волковија се шират до Тетово и Гостивар

Катерина Ѓуровски

Втор ден гори депонијата Буково, непријатна миризба се чувствува во Охрид

Орце Костов