(ВИДЕО) Јакимовски: Во мене земјоделците ќе имаат сигурен поддржувач

Од:

Денеска сме гости на македонското виногорје, ова е земјоделски дел, во Неготино, во Тиквешијата. Морам да кажам дека мојата заложба ќе оди во насока на отворање на нови пазари, имајќи предвид дека со војната во Украина македонските земјоделци го загубија белорускиот и рускиот пазар, но очигледно дека ниту Владата, ниту претседателот на државата се интересираат каде можат да се пласираат земјоделските производи рече кандидатот на ГРОМ за претседател Стевчо Јакимовски при посетата на Неготино.

– Буквално целата опрема воена што ја имавме и хеликоптерите и „Сухоите“ и ракетните фрлачи и така натаму, сѐ што можевме да дадеме, дадовме, меѓутоа со сета таа воена опрема што им ја дадовме, воопшто не се потрудивме да одат и дел од земјоделските производи. Тоа што значи? Дека во мене земјоделците ќе имаат сигурен поддржувач, дека заедно со мене кога ќе одам на службени патувања постојано ќе треба да оди и министерот за економија, да се отвораат нови пазари, нови можности за македонското земјоделие, особено за конзервната индустрија што се развива во овој дел од регионот. Значи овде Тиквешијата и оној дел кон Гевгелија. Јас сакам да напоменам дека не може претседателот да се држи само до овие што ги има уставни надлежности, а да не нѐ интересира за тоа како живеат земјоделците, како живеат нашите граѓани, да нема воопшто никаква реакција кога ќе се затвори некој пазар како резултат на виша сила, а војната во Украина е виша сила. За изгубените пазари и воведените санкции македонските земјоделци не добиваат никакви компензации, значи тука тоа прашање мора да го отвори претседателот на државата рече Јакомовски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

(ВИДЕО) Гаши: Во идната влада, „Влен“ е гаранција за уставните измени

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Течат роковите за поднесување приговори до ДИК за првиот круг претседателски избори