(ВИДЕО) Јакимовски со Арсовска во Жданец: Пари од дилери на дрога во Сарај, се делат против нас

Од:

Синоќа на заедничка средба на Данела Арсовска со жители на Жданец, а на која не беа повикани медиуми, Стевчо Јакимовски кажа дека се даваат пари од дилери на дрога за да се купувале гласови против него и Арсовска.

-Поголема количина пари од дилери на дрога од Сарај, денеска се земени за купување гласови во Карпош и тие средства се пренесени со возила на интервентата полиција. Овие информации ми се сигурни, добро е обвинителот кој е задолжен за оваа работа да не исконтактира да му дадеме дополнителни информации. Карпошани не се сиромашни, сиромашни се само тие што се сиромашни во духот, рече Јакимовски.

-Граѓаните ги оценија негативно во една многу мирна атмосфера, нашиот брод тие го потонуваа, ни правеа штрајкови, и така го потопија нашиот брод, но нивниот брод тоне по мирно море, рече Јакимовски и додаде дека жителите на Жданец и Карпош знаеле дека е се направено за нив.

-За да дојдеме во оваа ситуација многу сме вложиле кај граѓани на Карпош и Жданец, знаат дека се сме направиле за граѓаните, ни фали уште фекална канализација за кај резервоарите на вода, и од прилика некои големи проблеми месната заедница нема. Ќе направиме и една убава фонтана за да може да се собираат граѓаните. Се надеваме со Данела дека ќе го прееземеме кормилото и заеднички со уште многу проекти, ќе обезбедиме и овде секаде вода за пиење, рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он