(ВИДЕО) Јакимовски не се чувствува виновен за злоупотребите за кои се гони: Во мој интерес е брза пресуда

Од:

Стевчо Јакимовски и другите двајца обвинети за злоупотреби негираат дека имаат вина во предметот каде се товарат за злоупотреби при тендер и легализација на деловен објект. Сите посочија дека остануваат на веќе дадените воведни зборови. Судењето траеше помалку од час, а не можеше да продолжи бидејќи судот го немаше доказниот материјал за кој е поднесена жалба пред Апелација.

„Обвинението го разбирам. Не се чувствувам виновен за кривичните дела”, речем Јакимовски на судењето.

По судењето, Јакимовски кажа дека сака што побрзо да се заврши процесот, за да докаже дека е невин.

„Не се одложувани претходните рочишта. Ако се сеќавате, имаше ковид криза, четири месеци судот не работеше, судијата беше болен. Апсолутно никогаш не биле одлагани, ниту биле одолговлекувани судењата. Апсолутно не е точно. Во мој интерес е да заврши брзо, да излеземе со доказите“, вели Јакимовски, а прашан дали пресуда може да се чуе една година од сега, тој вели: „Јас не сум судија. Јас би сакал побрзо да заврши“. Прашан дали се зависи од судот, Јакимовски вели: „А од кого мислите дека зависи? Како ќе ги закажува судијата рочиштата, така ние ќе доаѓаме“, посочи Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски