(ВИДЕО) „Изјавите на Коце Трајановски се апсурдни и безобразни“

Од:

Само Македонија и Казахстан градат триумфална порта во поново време, а панорамското тркало во Вашингтон чини 13 милиони евра, што е за пет милиони помалку од нашето, вели Сања Михајловиќ од иницијативата „Скопје не е Дизниленд“.

Михајловиќ при тоа посочува на економската состојба на земјата и високата стапка на невработеност од 30 проценти во главниот град.

Скопјани денеска се собраа на протестот на кој повика оваа иницијатива против изградбата на контроверзниот објект. Целта беше да се разменат мислења и да се најде начин како да се спречат намерите во Вардар да се подигне уште еден мост над кој ќе се издигне тркалото.

Средствата кои ќе се потрошат за оваа намена, вели таа, можат да се искористат за поприоритетни и продуктивни цели. Додава дека во услови на голема невработеност, апсурдни и безобразни се изјавите на градоначалникот, Коце Трајановски. Пред извесно време на прашање дали 18,2 за панорамско тркало се многу пари, Трајановски изјави дека градот разумно ги троши парите од буџетот, а на последната прес конференција тој ги игнорираше новинарските прашања на оваа тема.

-Ова е идеолошки Дизни што му се случува на Скопје. Им порачувам на градските власти да се започне дијалог како ние да се извадиме од оваа ситуација на која ни се потсмеваат – вели Михајловиќ.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски