(ВИДЕО) Иванова: Уставниот суд да престане да биде продолжена рака на владата

Од:

Ништо не не плаши Никола. Тука сме и по дожд и по грмотевици да си ја земеме државата во свои раце. Јас сум зборувала на многу настани, вечерва е посебна моја чест да се обратам пред вас и длабоко ви се поклонувам затоа што три месеци сме по улица, затоа што година ипол маршираме по улиците да не слушне некој, да не чуе и да направи нешто, ако не сам, ние ќе го сториме тоа заедно, рече пред демонстрантите поранешната пратеничка Цветанка Иванова.

– Вечерва испраќаме јасна порака дека ништо нема да не спречи. Уште една порака до Уставниот суд, да престане да биде продолжена рака на владата, меѓутоа не можеме сите да ги ставиме под знак на равенство, барам голем аплауз за оние уставни судии кои се одважуваат да се борат против диктатурата, рече Иванова.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска