(ВИДЕО) Итна помош во судница – „Ровер“ одложен

Од:

Судскиот процес за случајот „Ровер“ денеска беше одложен, поради сериозно влошената здравствена состојба на еден од обвинетите – Ивица Ристиќ.

Итната медицинска помош која беше повикана го прегледа обвинетиот и утврди дека не е во состојба да го следи рочиштето.

Ристиќ со амбулантно возило беше вратен на клиника.

Ристиќ во судница беше донесен од Клиниката за торакална хирургија, каде бил префрлен од затвор поради се полошото здравје.

Според неговиот адвокат, операција на Ристиќ му била закажана за следниот петок, а судијата продолжување на рочиштето закажа за во понеделник.

Одбараната се надева дека во овие некилку дена нема да се влоши кревкото здравје на неговиот клиент.

„Во текот на постапката дојде до колабирање, односно до губење на секаков вид на осет, ниту може да го следи текот на постапката ниту може да следи прашања на предложениот сведок кој требаше да сведочи. Уште пред започнување на главниот претрес неговата состојба веќе беше влошена. Беше повикана брза помош и му дадоа некои средства за смирувања но не му помогнаа“, изјави адвокатот Мартин Петров.

Мартин Петров објасни дека засега и во претходната и во оваа поновена постапка не се обрнува внимание на еден важен детал.

Според него четворицата првообвинети се товарат за дело кое предвидува доживотна казна затвор а според ЗКП за дела кои се над пет години затвор мора да се сослушаат осомничените.

За Петров е нејасно како тие досега не се сослушани за да може против нив да биде поднесен обвинителен акт.

Апсурдно било да се води постапка против другите обвинети вели адвокатот на Ристиќ кога недостигаат исказите на главните осомничени. Продолжението за „Ровер“ е закажано за 13-ти октомври.

Заедно со Ристиќ за помагање убиство се обвинети уште деветмина меќу кој и екс министерот за внатрешни Љубе Бошкоски а се товарат дека го помогнале убиството на Марјан Тушев и Киро Јанев во 2001-ва. Судот брза да го заврши судењето со оглед дека некои од обвинетите навршуваат две години во притвор, со што треба да бидат пуштени на слобода.

Би можело да ве интересира

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

ВИДЕО: „Ровер” повторно одложен – Љубе Бошкоски се шегуваше со обвинителката

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Подготвени сме и ги очекуваме изборите

А1он

Наскоро ќе може да се слушнат првите звуци од Марс

„Ровер“ одложен за 4-ти јули

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Ровер“ одложен, Пејковски уште го држи Бошкоски во Идризово

Ана Ололовска