ВИДЕО: „Ровер” повторно одложен – Љубе Бошкоски се шегуваше со обвинителката

Од:

Во кривичниот суд повторно е одложено судењето за случајот „Ровер“. Претставници на адвокатската канцеларија Медарски, изјавија дека адвокатот Филип Медарски ќе го брани обвинетиот Вук Вукичевиќ и дека му треба време да се подготви за одбраната.

„Јас сум најредовен на рочиштата“, рече поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на што обвинителката Лидија Раичевиќ додаде дека и таа е редовна на судењата.

„Јас би сакала да ме смените, ама не ви тргнува од рака“, рече обвинителката Раичевиќ.

„Ќе даде Господ“, и одговори Бошкоски.

За овој предмет скопска Апелација, двапати го враќа на повторно одлучување. Предметот за случајот „Ровер“ во кој е обвинет поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски по третпат почна во 2015 година, но
нема одржано ниту едно рочиште. Причината за одлагање најчесто е отсуство на некоја од странките во постапката.

Случајот „Ровер“ се однесува на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во во Скопје, во јули 2001 година. Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година, во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни. Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за помагање на убиство доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, додека на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.

Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин на кого му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години. Во октомври 2015, по трет пат, почна судењето во Основниот суд Скопје 1.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска