Директорот на Идризово не одговори: Зошто уште го држи Бошкоски во затвор?

Од:

Директорот на затворот во Идризово, Живко Пејковски во соопштението кое го испрати не го даде единствениот одговор кој се бара од него: Зошто го држи во затвор Љубе Бошкоски и покрај потврдата од судот дека „Ровер“не е пречка за слободата на екс министерот за внатрешни.

Наместо тоа, Пејковски дава контрадикторни одговори и го нападна судот дека се меша во одлуките на затворот, за два реда подолу да напише дека тој морал да го почитува судот и неговите одлуки, па и да упати критика и прашање кон судијата зошто процесот траел три години и зошто го одложил денешното рочиште.

„После три години и шест месеци зошто го одложува рочиштето за 22.04.2016 и издава наредба за задолжителен спровод на Љубе Бошкоски на закажаното рочиште“,напиша Пејковски.

Директорот се правда дека извршувал судска наредба за спроведување на Љубе Бошкоски на судски рочишта, со што останува нејасно како додека тој го држи Бошкоски во затвор може да се појави во судот освен со спроведување по барање на судот? Доколку Бошкоски е слободен, нема да има потреба од негово спроведување, туку сам ќе оди на судските рочишта.

Судот оваа потврда за Љубе Бошкоски пред медиумите ја соопшти со оглед дека директорот веќе еден месец се правда дека против Бошкоски се водел друг процес (Ровер) и затоа не можел да потпише за негово излегување од Идризово.

Според ова, Пејковски на јавноста и должи одговор-Зошто не потпишува за излегување на Љубе Бошкоски и како ќе го оправда овој негов потег?

Од партијата на Бошкоски обвинија дека Пејковски само спроведува што му наредиле од власта и дека ќе одговара за тортура.

Пејковски демантираше дека кон него се вршел притисок од власта, со што целата одговорност за ваквиот третман ја презема врз себе и затоа мора да одговори кои се сега објективните пречки откако таа за “Ровер“му ја поништи судот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска