ВИДЕО: Истепана жена при обид нелегално да ја премине границата

Од:

Две жени доцна попладнево побарале помош во болницата во Врање, откако едната пријавила дека била истепана преминувајќи ја границата меѓу Македонија и Србија.

Според МВР пак, станува збор за четворица кубански државјани кои нелегално се движеле од Србија низ Македонија, кон Грција.

„А1он“ дојде до снимка од болницата во Врање каде што ѝ се укажува помош. Според извори од таму, едната девојка има скршеница на носот. Засега е непознато кој го извршил нападот и дали тој бил извршен од полициски припадници.

Тие не зборувале англиски и српски јазик, само шпански, со што првично е отежнато да се разбере што им се случило. И двете девојки немале никакви документи кај нив кога побарале помош од српската полиција.

Од МВР велат дека станува збор за четворица кубански државјани кои се обиделе нелегално да ја преминат границата и да се движат од од Србија низ Македонија, кон Грција.

„Во текот на вчерашниот ден на јужната граница од страна на граничната полиција при обид за илегалено преминување била затекната група од четири кубански државјани, кои рекле дека претходно биле нападнати. Веднаш се однесени во болницата во Битола и откако е утврдено дека немаат потешки повреди биле изнесени пред суд, поради тоа што немале валидни документи односно се обиделе илегално да ја преминат границата. Со одлука на судот, тие се протерани од нашата држава и вратени во земјата од каде влегле односно на границата со Република Србија“, велат од МВР.

Непознато е кој го извршил нападот, а од македонската полиција вечат дека ги почитуваат стандардите за постапување и хуманиот однос кон мигрантите и дека тоа е верификувано и од невладините организации и сите инволвирани во овој процес.

„Впрочем, заедно со припадниците на полициите на неколку европски држави заедно ги чуваме нашите граници, секако апсолутно посветени и на хуманиот третман кон мигрантите. Доколку било кој има било какви докази за несоодветно постапување на полициски службеник од нашата полиција, треба да пријави во Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и случајот соодветно ќе биде истражен, а доколку се утврди евентуална неправилност соодветно ќе биде санкционирана“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски