ВИДЕО: Испративме порака дека системот функционира, вели Заев за случајот Таргет-Тврдина

Од:

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“, оцени премиерот Зоран Заев во врска со случајот со првообвинетиот во случајот Таргет-Тврдина, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

„Тоа што секој сегмент на нашето општество, а тоа е извршната власт, преку Министерството за внатрешни работи и тоа за правда, судската власт преку судовите и Обвинителството преку самите обвинители, го завршија својот дел од работата, за да нема каде да се крие, да бега, да калкулира, обвинето лице кое е пред изрекување на казна затвор, а тоа е Сашко Мијалков и се појави во Обвинителството, се предаде“, рече премиерот Заев.

„Целиот овој амбиент вчера ја испрати пораката дека системот може да биде ставен во функција, почитувајќи ги законите“, додаде премиерот Заев.

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

„Граѓаните треба да знаат дека 11-годишниот режим има оставено траги на коруптивен и влијателен начин, а сепак има разрешници на вака крупни случаи, коишто се симбол на борбата против криминалот и корупцијата“, констатираше премиерот Заев, додавајќи дека македонското правосудство, дел од предметите донесе до завршници во прв степен, дел предметите се завршени, а некои се пред пресуда, како што е овој важен случај со прислушувањето.

„Судиите се лицето на правдата. Ваквите процеси во ниедна земја не се едноставни, не се ни кај нас. Убеден сум дека мониторингот на нашиот народ и позитивниот притисок ќе придонесе да се забрзат овие постапки. Обвинителите и судиите никому ништо не должат. Треба да ја зголемат ефикасноста, транспаретноста, делењето на правдата еднакво за сите, за да имаме реформирано правосудство како трајна придобивка“, порача премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата