ВИДЕО: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје

Од:

Нестабилна воздушна маса од запад и северозапад е навлезена во Скопската котлина, а во моментов подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи. Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток. Поголема нестабилност има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово. Правецот на движење е кон североисток, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска времето ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, над 30 литри на метар квадратен, грмежи, силен ветер, кој ќе достигне и над 60 километри на час и град.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд