(ВИДЕО) Илиевски: Министерот Адеми ме замоли да го забошотам неговото незаконско унапредување

Од:

Следниот петок, на 18 јули, просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат откако во јавноста обелодени сомнение за незаконско унапредување на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (министерот за образование Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули).

Дисциплинската постапка е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Илиевски рече дека ќе бара сослушувањето во инспекторатот да биде јавно. „Причината е што сум направил несовесно работење, зашто сум открил незаконитост направено од функционери во Владата“, кажа Илиевски. Тој се обратил до Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Државната комисија за спречување на корупцијата и Инспекцискиот совет. Очекува државата да го заштити.

„Бев замолуван од министерот за образование да го сокријам, да го забошотам случајот. Бев замолуван од заменик-министерот за внатрешни работи. Ми укажа да внимавам дека имам семејство и деца“, рече Илиевски.

Предлог за дисциплинска постапка за инспекторот кој утврди незаконско унапредување на тројца високи функционери

Илиевски констатира дека министерот Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата.

Во 13 април 2016 година тетовскиот државен универзитет донел решение за мирување на работниот однос на Адеми како асистент на Правниот факултет сѐ додека е министер без ресор во Владата. Сепак, додека му мирувала функцијата, универзитетот повел постапка за избор на  наставник, а ректорската управа во 2017 година донела одлука со која асистентот Арбер Адеми го избира во наставно-научно звање доцент по предметите Меѓународно приватно право и Арбитражно право.

Oд Државниот просветен инспекторат само кратко информираа дека дисциплинската постапка е поради тоа што инспекторот изнесувал информации за постапката во јавноста, а сè уште не била завршена.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок