(ВИДЕО) Ибраимовски: Од кока-кола, Амди ќе го направам дестилирана вода

Од:

Почитувани драги пријатели, сакам само да го искажам својот револт за она „Циганите за уши еден по еден“. Како не им е срам, имаат пет политички партии како што викаат, „цигански“, кои слика имаат тон немаат, ќутат таму и не смее никој да гукне зошто рекле „циганите“. Пет партии се со нив. Вели за Ромите во Шутка тие се шампиони, а сега слушаме какви шампиони, „циган по циган ќе ги вадиме надвор“, како не им е срам, се обрати Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР.

Слушам вчера и денеска објавува Хорхе вика селективно работела СЈО, па мора да работи селективно, има кој крадел на големо, има кој крадел на мало. Значи, прва селекција сте „А тим“, ќе одговарате вие, а после тоа ќе одговараат тие што краделе на мало, а третите сами ќе се сопнуваат и заедно со нив во Идризово, рече вечерва Самка Ибраимовски.

Почитувани граѓани, ова што го држам во рацеве на Ромски значи „Да бидеме сите јаки и единствени“. Сакам да кажам дека Ромите во Република Македонија се со Шарената револуција, немојте да мислите дека Ромите можат лесно да ги купат. Било некогаш, ќе видиме на следните избори како ќе заврши нивната песна. Од тука сакам да му порачам на тој што се фалел дека и мртвите гласале за неговиот син, на Амди Бајрам, што кажувал дека е Кока Кола, еве од тука кажувам дека јас ќе го направам да биде дестилирана вода, рече Самка Ибраимовски.

Да бидеме сите заедно храбри, достоинствени и верувајте дека финалето е дојдено. Победата е наша, правда мора да има. Мора да има правда, мора да има демократија за Ромите во Македонија, доста е со дискриминација на Ромите во Македонија. Ромите азиланти ми порачуваат тука да кажам зошто отидоа од Македонија, затоа што преварантите Груевски и неговиот тим ги излажаа Ромите и мораа да отидат од тука и таму седат за некој износ од пари кои тука е 10 пати помалку.

Лажењето има крај. И долгометражниот филм има крај, ако се скине ленатата не може да се залепи. Тука се граѓаните, ќе одлучуваат и финалето и победата се наши, рече Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска