ВИДЕО: И трета барокна галија никнува на Вардар

Од:

Помеѓу мостовите „Око“ и „Мостот на уметноста“ двата дел од проектот „Скопје 2014“ забрзано се гради и третата галија на Вардар. Градбата е веднаш до трите жални врби и ја изведува фирмата Факом АД.

Галијата што никнува, за разлика од другите две кои се замислени како ресторани, ќе функционира и како хотел. Предвидено е хотелот да има 16 соби и два апартмани. Галијата е долга 35, а широка 15 метри, а моделот за оваа галија бил историскиот англиски воен брод „Виктори“ на Кралската морнарица од битката кај Трафалгар.

Над палубата ќе има и 35 метарски јарбол на кој ќе се вее знаме.

Третиот брод почна да се гради во февруари годинава.

Во реката Вардар се градат три од најавените четири галии, а според Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, дозволена е изградба на вкупно шест вакви брода. Четири се од десната страна на реката, поточно два кај поштата и кај МЕПСО, а другите два кај Мостот на цивилизациите и Мостот на уметноста.

И покрај ваквото урбанистичко решение, градската власт нема намера наскоро да распишува повици за изградба на преостанатите галии. Најверојатно заради тоа што имало мал интерес и за трите што веќе се градат. На повикот за првите две се јавила само една фирма, „Фаланга дим“, а за вторите две, тендерот за концесија еднаш веќе пропадна. Потоа беше распишан конкурс само за еден брод, на кој се јавила фирмата „Воденица ОНЕ“. Барокните галии Град Скопје ги дава под концесија на десет години и за нив ќе наплаќа кирија од 36 илјади денари месечно.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски