Дождот не ги спречи граѓаните со своето присуство на денешниот протест да покажат дека панорамското тркало не треба да се гради. На кејот на Вардар, до Камени мост, денеска попладне со собраа незадоволни скопјани според кои панорамското тркало е промашена и непотребна инвестиција.
Собирот беше прекинат од краткотраен дожд кој ги натера граѓаните да се засолнат под мостот, но продолжи неколку минути потоа.
Како што беше најавено, дел од граѓаните на себе носеа маски и перики за да укажат дека македонската метропола почнува да наликува на забавен парк.
Организатори на протестот се новоформираната граѓанска иницијатива „Скопје не е Дизниленд“.
Во меѓувреме напредува изградбата на панорамското тркало, кое ќе чини околу 18,2 милиони евра.