Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска на пладне пристигна во резиденцијата на Европската унија во скопската населба Пржино, каде треба да се одржат средби со партиските лидери. Тој беше придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.
Во план е Хан прво да се сретне поединечно со претседателите на четирити политички партии, а во шест часот да се одржи состанок на кој ќе присуствуваат сите. Се очекува Хан да даде изјава за медиумите по групната средба.